Економија 08. ноември 2018. / 12:18

Демир Капија ќе добие три фабрики за марихуана

Демир Капија ќе добие три фабрики за марихуана

Општина Демир Капија ќе добие три фабрики за одгледување и преработка на марихуана за медицински потреби, но и Авантуристички парк, пренесува Фокус.мк.

Градоначалникот Лазар Петров информира дека изминатата година, откако стапил на функцијата, посветил големо внимание на привлекувањето на нови инвестиции во општината.

-Во текот на измината година големо внимание посветивме и на привлекување на нови инвестиции. Во таа насока четири големи компании одлучија да инвестираат во нашата општина и истите во 2019 година ќе почнат со работа. Од нив три ќе бидат за одгледување и преработка на марихуана за медицински потреби и една фабрика за природно ѓубриво. Се очекува со реализацијата на овие инвестиции да се отворат минимум 200 нови работни места во нашата општина – соопшти Петров.

Исто така, тој информираше дека со цел да се промовира општината како туристичка дестинација, планирана е изградба на Авантуристички парк.