Економија 18. јануари 2020. / 14:58

Анѓушев се враќа на кормилото на Феро Инвест

Анѓушев се враќа на кормилото на Феро Инвест

Поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев се врати на функцијата управител на компанијата „Феро Инвест“ на местото на досегашниот раководител Ратко Ѓорѓиевски.

Анѓушев додека ја извршуваше владината функција ја стави во мирување функцијата управител на „Феро Инвест“. Тој рече дека во моментов поважно му е да го консолидира работењето на своите фирми отколку политиката.

Кочо Анѓушев заедно со неговиот брат Тодор Анѓушев и Никола Гравчев е ко-сопственик на компанијата „Феро Инвест“.

„Феро Инвест“ е ко-сопсвеник во машинската индустрија “Брако“ заедно со велешката фирма „Тргофер“, а во година остварила приход од 3,1 милиони евра и профит од 1,3 милиони евра. Истата компанија е ко-сопственик на осум  компании кои управуваат со мали хидроелектрични централи кои лани оствариле вкупен приход од 3,7 милиони евра и имаат кумулативна добивка од 316.000 евра.