Продуктивноста е работа на стопанственците, а државата помага со субвенции за нови технологии, изјави вицепремиерот Кочо Анѓушев во интервју за ТВ Алфа, и посочи дека продуктивноста се зголемува ако за иста плата се произведат повеќе производи.
–Начин да се зголеми продуктивноста е со нови технологии. Постојат три начини тоа да се направи: да се воведат современи технологии, вработените да знаат да работат со висока технологија, менаџерот да знае да ја организра работата и исто да има мотивирани вработени затоа што фабриктие сами не работат без работници – изјави Анѓушев.
Тој посочи дека годинава преку Законот за финасиска поддршка вкупно 120 компании пријавиле дека во следниот период ќе инвестираат 230 милиони евра, од кои само во првата година веќе инвестирани се 110 милиони евра.
Вицепремиерот додаде и дека во исто време се планираат вработувања на 4.000 луѓе, од кои во првата година вработиле 1.300 луѓе што е показател дека се инвестира во технологии и дека ќе се зголеми продуктивноста.