Пратеникот Александар Николовски, на својот Фејсбук профил, ја споредува Македонија денес, со времето во кое инвестициите доаѓаа во многу поголем број и кога се отвораа нови работни места со далеку поголем интензитет. Низ призмата на неговата неодамнешна посета на Србија, неговите впечатоци ги сумира на следниов начин:
„Денес се објави дека во Зрењанин Србија ќе се инвестираат 950 милиони долари во најголема фабрика за автомобилски гуми во Европа, тоа е апсолутно најголема инвестиција во цел регион.
До пред две години Македонија беше шампион во странски инвестиции, за жал тоа се сега други… Не се отвараат нови работни места и не влегуваат пари во државата, џабе им и промена на име и сите останати понижувања, подобар живот нема без инвестиции и нови работни места.“