Живот 24. мај 2018. / 20:43

Зголемен интензитет на сообраќајот: Продолжениот викенд над 10.000 Македонци ќе го поминат во Грција

Зголемен интензитет на сообраќајот: Продолжениот викенд над 10.000 Македонци ќе го поминат во Грција

Стартот на продолжениот празничен викенд причина за зголемен интензитет на сообраќај на патиштата низ државава.

Зголемен интензитет е регистриран кон Охрид и останатите домашни туристички центри.

По традиција, најголем метеж е кон соседна Грција каде само до утринава биле регистрирани над 10.000 македонски патници кои решиле празникот да го поминат кај соседот. Дополнително се регистрирани и околу 2000 патници главно од Србија.

Надлежните препорачуваат учесниците во сообраќајот да возат внимателно и да ја почитуваат патната сигнализација.