Живот 15. јуни 2018. / 09:28

Зголемен интензитет на сообраќај на патиштата низ државата

Зголемен интензитет на сообраќај на патиштата низ државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажни коловози, инфоримраат во утринското соопштение од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ), од каде додаваат дека зголемен е интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини.

Оттаму препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.