Живот 25. јули 2018. / 18:13

Заврши санацијата на патот Миравци – Давидово

Заврши санацијата на патот Миравци – Давидово

Санацијата на регионалниот пат Миравци – Давидово заврши, а сега се работи на тампонирање на патот Прдејци – Смоквица, кој потоа ќе биде асфалтиран, информираше на денешната прес-конференција гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков.

Овие регионални патишта, како и патот Гевгелија – Негорци, истакна Поцков, се обновуваат и се градат со доделените 180 милиони денари од Јавното претпријатие за државни патишта.

– Градиме со средства од државната каса, кои за нас се добредојдени бидејќи средствата од општинскиот буџет ќе можеме да ги користиме за други намени. На крајот на краиштата, корисници на ваквите вложувања без разлика на нивниот извор се граѓаните, рече Поцков кој нагласи дека за патот Гевгелија-Негорци до крајот на јули ќе биде распишан тендер и дека целата постапка ќе била завршена до крајот на август, а обновата на патот ќе трае три месеци. /МИА