Во текот на утрешниот ден како што и претходно најавивме ќе дува умерен до засилен ветер претежно од југоисточен правец па поради силното јужно воздушно струење ќе се врши транспорт на прашина и песок од Сахара, стои во временската на Славчо Поповски.
Времето ќе биде сончево и многу топло се до доцните попладневни часови кога ќе има дестабилизација на атмосферата и локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дожд, засилен ветер, силни електрични празнења и услови за појава на град.
Во сабота веќе на многу места ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер и исто така локално процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дожд, засилен ветер, силни електрични празнења и услови за појава на град.
И натаму сотанува многу топло со многу високи температури на воздухот.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја додека овчарите своите стада да ги делат во помали групи со цел да ги заштита а додека трае невремето и електричните презнења препорачуваме домаќинствата да ги исклучуваат сите уреди во домот.