Повредената Мона и нејзините родители се пренесени во болница со сериозни повреди.
39-годишниот Вилијам Брајан Стивел од Флорида бил уапсен и обвинет за обид на убиство на својата сопруга Мона и нејзините родители. Ги застрелал на самата Нова година, откако видел снимка на која, наводно, неговата сопруга и неговиот најдобар пријател се интимни.
Во времето на пукањето во куќата се наоѓале и петгодишните близнаци на Вилијам и Мона. За среќа, децата не се повредени.
На снимката која настанала во текот на повикот во Итна помош, се слушаат децата како го молат таткото да не ја убива нивната мајка. На истата снимка се слуша и Мона како им вели на децата да бегаат од куќата.
Повредената Мона и нејзините родители биле пренесени во болница со сериозни повредени, но не се во животна опасност.
Шефот на тамошната полиција, во службена изјава рекол дека децата успеале да побегнат од дома и да се сокријат кај соседите кои ги заштитиле и утешиле.
Вилијам Брајан Стивел бил уапсен и спроведен во притвор во вторникот на 1-ви јануари. Обвинет е за обид за убиство, вооружен грабеж, злоставување на деца и криење на огнено оружје.