Живот 02. јануари 2019. / 12:35

Тешка сообраќајка кај Камен дол – сообраќајот целосно блокиран

Тешка сообраќајка кај Камен дол – сообраќајот целосно блокиран

Сообраќајот на патот Градско-Прилеп е во целосен прекин поради сообраќајна несреќа, информира АМСМ.

-Oд 11 и 30 часот сообраќајот на регионалниот пат Градско -Прилеп, кај Камен дол е во целосен прекин поради случена сообраќајна незгода. Сообраќајот се пренасочува по земјен пат – велат од АМСМ.

На останатите државни патишта сообраќајот се одвива по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.