Живот 05. мај 2018. / 17:25

Сведоштво на Зафир Хаџиманов: Последниот пејач кој пееше пред маршалот Тито и тоа сплет Македонски песни

Сведоштво на Зафир Хаџиманов: Последниот пејач кој пееше пред маршалот Тито и тоа сплет Македонски песни

Кавадарчанецот Зафир Хаџиманов, поет, актер и музичар е последниот човек кој пред маршалот Тито отпеал сплет на Македонски песни непосредно пред неговата смрт

-На денешниот ден, на годишнината од смртта на другарот Тито, нешто ме прогонува да кажам, дека сум можеби последниот пејач кој му отпеа нешто. Имено, на дочекот на Новата 1980 година во Караѓорѓево, пеевме Сенка и јас. Програмата траеше многу кратко, поради лошата здравствена состојба на Тито. Многу колеги беа вратени во Белград без да настапат. На самиот крај, ме повикаа да отпеам некоја македонска песна, и јас избрав сплет од најпознатите македонски народни рефрени. Веднаш потоа, Тито стана, со стапот под мишка, со војнички чекор замина на почивка. Утредента дознавме дека веќе е во Словенија, со лекарскиот конзилиум. Така да, мислам дека мојот распеан сплет беше последното нешто од пеењето, што тој го слушна и виде – ги сподели своите спомени Зафир на својата социјална страница.