Живот 13. јуни 2018. / 10:29

Студент тешко повреден: Скокнал на глава во плиток базен

Студент тешко повреден: Скокнал на глава во плиток базен

Српски студент во Грција, се здобил со тешки повреди кога скокнал на глава во базен длабок 90 сантиметри.

Несреќата се случила во спортскиот камп на Неа Фокеа. Студентот бил во друштво на неколку девојки, па скокнал самоиницијативно во базенот.

После кобниот скок во плитко, младиот студент се здобил со тешки повреди на вратот.

Итно е пренесен во болницата во Солун, каде му прават подетални испитувања.