Живот

Сообраќајот се одвива без забрани по влажни коловози

Сообраќајот се одвива без забрани по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по влажни коловози, соопшти попладнево Автомотосојузот на Македонија.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.