Живот 14. април 2018. / 19:20

Сообраќајот по суви коловози

Сообраќајот по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, соопшти Автомотосојузот во редовниот извештај за состојбата на патиштата.Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку обиколница Битола е нормализиран за сообраќај. На делот на свлечиштето ќе се изведуват градежни работи и за таа цел ќе биде затворена едната лента во должина од 200м.

Поради тоа сообраќајот ќе се одвива по една сообраќајна лента за што е поставена содветна светлосна сигнализација (семафори) која ќе го регулира сообраќајот.АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.