Живот

Сообраќајот на места по влажни коловози

Сообраќајот на места по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива на места по влажни коловози. Поради зголемени врнежи од дожд, се препорачува исклучителна внимателност во клисурите и засеците, соопшти Авто-мото сојузот во редовниот извештај за состојбата на патиштата.

АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани-Македонска Каменица-Делчево, Виница-Берово, Гостивар-Стража, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Катланово-Велес, Крушево-Демир Хисар и Ресен-Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.