Живот 12. мај 2018. / 09:29

Сообраќајот на државните патишта по претежно влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта по претежно влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива по претежно влажни коловози, соопшти АМСМ.

Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од амкедонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата