Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Од 1.07.2018 до 31.08.2018 година започна со примена времениот режим на сообраќај во летниот период на државните патишта во Република Македонија, со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремни високи температури.
Временските интервали се следни: петок 17:00-22:00 часот, сабота 09:00-18:00 и недела 9:00-22:00 часот. Во деновите со екстремно високи температури определени од Министерството за здравство, забраната ќе важи од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за државни патишта.
Кликни тука за повеќе: АМСМ: Состојба на патиштата | opserver.mk