Во првиот кварлат годинава на двата македонски аеродроми Меѓународниот аеродром Скопје и Свети Апостол Павле во Охрид поминале вкупно 448.729 патници, покажуваат податоците на ТАВ.
Само во првите три месеци годинава бројот на патници во авионскиот превоз е зголемен за 22%.
Во март се регистрирани вкупно 162.600 патници на двата аеродрома, што е зголемување за 24%.
Податоците на ТАВ покажуваат и зголемување на бројот на прелети.
За три месеци на двата македонски аеродроми се регистрирани вкупно 4.018 прелети, што е зголемуање за 19% споредено со истиот период лани, додека само во март се регистрирани се 1.430 прелети, што е зголемување од 20% споредено со истиот месец претходната година.