Живот 17. јули 2018. / 11:44

Се расипал системот: Охриѓанец платил 590 денари за еден час паркинг

Се расипал системот: Охриѓанец платил 590 денари за еден час паркинг

Граѓанин на Охрид потрошил вкупно 590 денари за паркирање бидејќи системот не ги примал пораките кои ги испраќал за да се одјави од паркинг местото на кое останал околу 1 час, објави Охрид1.

Граѓаниниот го паркирал автомобилот и испратил СМС порака, но кога испраќал СМС за да се одјави од тоа паркинг место, системот не потврдувал дека е одјавен и продолжил да откуцува за паркинг услугата.

Граѓанинот праќал повеќе пораки за одјавување по што откако платил скоро 10 евра успеал да се одјави.