Прилеп ги почна подготовките за една од најголемите летни манифестации „Пивофест“ која годинава по 16 пат ќе се одржи од 12 до 15 јули, објави Независен.мк.
Организаторот, скопската компанија „Ентфинити“ и покровителот, прилепската локална самоуправа уверуваат дека и годинава посетителите ќе уживаат четирите фестивалски дена, а се очекуваат гости од цела Македонија и од Балканот.
– На првиот фестивалски ден, на отворањето, в четврток на 12 јули, ќе настапат Дани, Тони Зен и Цајковски. В петок на програмата се: Дарио, Ван Гог, Црвена јабука и ДЏ Мосел од Грција. на третиот фестивалски ден, в сабота, ќе настапат: Фортисимо бенд, некстајм, Џенан Лончаревиќ и познатата балканска ѕвезда Жељко Јоксимовиќ. Последната фестивалска вечер, в недела, гостите ќе ги забавуваат: Александра Јанева, Либеро бенд, Милица Тодоровиќ и фолк-ѕвездата Шабан Шаулиќ. Наш приоритет е сите четири фестивалски дена на поминат во весела атмосфера и да биде безбедно за сите гости кои ќе допатуваат на Фестивалот, и секако, повикуваме на еколошка свест на учесниците, вели Манасиески.
На 29 локации во центарот на Прилеп, на површина од преку 4 000 метри квадратни ќе бидат поставени штандовите, а досега се ангажирани повеќе од половината локации.