Живот 30. август 2018. / 09:20

Ноќеска земјотрес е почувствуван во Струмица

Ноќеска земјотрес е почувствуван во Струмица

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, изутринава во 2.10 часот регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од струмичкото епицентрално подрачје.

Рихтеровата магнитуда на земјотресот изнесува 3.0, а беше почувствуван од населението во Струмица и околината со интензитет IV степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.