Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен дожд кој во текот на денот ќе се преместува кон исток. Ќе дува умерен југоисточен ветер, а температурата ќе се движи од 13 до 22 степена.
Во Скопје слично време со температура до 20 степени. Метеоролозите најавуваат нвремето да започне уште од денеска.
Од вторник УХМР најавува локална појава на грмежи.
Периодот на пролетните дождови ќе продолжи се до почетокот на викендот кога се очекува разведрување и сончеви периоди.
Трендот на температури за 5 до 6 степени над просекот ќе продолжи и во претпоследната недела од април кога живата во термометарот ќе се доближи повторно до 30 степени во енкои делови од земјата а во Скопје до 26.