Најмногу дожд денеска наврна во Охрид,Ѓуриште, Берово и во Демир Капија.
Околу пладне во Охрид имаше развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Попладне беше нестабилно во источниот дел од земјата, и тоа во Св. Николе, во околината на Велес, Струмица и Радовиш, а потоа и во Кавадарци и Демир Капија. Во доцните попладневни часови нестабилноста се префрли во западниот дел од земјата, претежно во планинските предели. Дуваше слаб до умерен ветер од северен правец.
Најтопло беше во Гевгелија – 28 степени, а најстудено во Лазарополе и Маврово – 16 степени.
Нестабилното време со локален пороен дожд и грмежи ќе продолжи и во вечерните часови, особено во западните делови. Во текот на ноќта атмосферата ќе се стабилизира насекаде.
И во Скопската Котлина во вечерните часови има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.