Живот 20. април 2018. / 11:35

Најава за засилен северен ветер (брзина до околу 60 км на час)

Најава за засилен северен ветер (брзина до околу 60 км на час)

Во текот на денешниот петочен ден како што и претходно најавивме ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец кој локално и повремено ќе достигнува брзина до околу 60 км/час.

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Во попладневните часови особено на истокот од државава ќе има услови за локален краткотраен дожд проследен со ретки грмежи.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени додека на југоистокот истите можно е да се искачат и над 25 степени.