Живот 15. септември 2018. / 10:54

На езерото ,,Младост”се одржа петтиот велешки пливачки маратон

На езерото ,,Младост”се одржа петтиот велешки пливачки маратон

На езерото „Младост“ во близина на Велес ќе се одржи петтото издание на традиционалниот „Велешки пливачки маратон“.

Организатор е Општина Велес под покровителство на Пливачката федерација на Македонија со ЗГ „Клуб 28“ и Кајак Клубот „Бабуна“ од Велес.

Според најавената програма во 10 часот е рекреативниот пливачки маратон. Во 12 часот стартува маратонот на 2,5 и пет километри во женска и машка конкуренција кој е последен маратон од годинашниот Македонски куп во далечинско пливање.

Пливачкиот маратон ќе биде обезбеден од 20 спасители на вода од Општинскиот Црвен крст и 30 кајакари од велешките кајакарски клубови.

Организаторите за догодина најавија и учесници од странство.