Живот 27. јуни 2018. / 22:05

Монструм со години ги злоставувал сопругата и децата, а еве што направил откако го напуштиле

Монструм со години ги злоставувал сопругата и децата, а еве што направил откако го напуштиле

Германската полиција соопштила детали од крвавата семејна драма во баварскиот град Гунзенхаусен.

Германецот со руско потекло, 31-годишниот Георг К, до смрт ги избодел 29-годишната сопруга Олесија и своите три деца, 3-годишната Анастасија, и синовите Мајкл (9) и Дима (7). Убиецот по своето злосторство скокнал од балконот на третиот кат и со тешки повреди бил префрлен во болница, каде бил опериран и лекарите го држат во вештачка кома.

Со истрагата било утврдено дека Георг ова страшно злосторство го испланирал до детаљ. Поради насилничкото однесување и претепување на синовите, на 21. јуни му била изречена забрана за приоѓање на семејството.

Тој, меѓутоа, ја замолил сопругата да се видат на денес наутро, за да му го даде неговиот работен комбинезон. За да ги заштити децата од насилниот татко, Олесија му кажала на нејзиниот брат да му ја предаде униформата.

Георг нешто пред 6 часот наутро му се јавил на својот шура да се симне пред зградата. Меѓутоа, тој тогаш веќе бил во зградата, сокриен меѓу четвртиот и петтиот кат. Кога видел дека братот на неговата сестра излегол од станот, бос, за никој да не го слушне, се симнал во станот на сопругата и влегол во станот.

Кога влегол го започнал својот крвав поход. Со кујнски нож, кој го купил ден претходно, најпрво ја заклал сопругата, а потоа и своите три деца додека спиеле.

Масакрот траел само две минути, соопштила полицијата. Братот, додека чекал пред зградата, слушнал врисок од станот на својата сестра и се стрчал назад, меѓутоа ја начекал крвавата глетка. Го видел својот зет со нож во рацете. Георг тогаш истрчал на балконот и скокнал од третиот кат.

Тој со години ги злоставувал жената и децата, а во 2013. година се заканил дека ќе ги убие синовите. Олесија во вторник требало да поднесе барање до окружниот суд за заштита од насилство, но Георг пред тоа успеал да ги убие сите.

Против Георг К. ќе биде поднесено обвинение за четирикратно убиство од одмазда.