Циклонот Силвија останува да влијае на времето кај нас и денес и следните денови, вели метеорологот Славчо Попоски.
Во текот на денешниот ден времето во земјава ќе биде променливо облачно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер а не се исклучува можноста и за ретка појава на град особено во планинските региони.
Нестабилноста се очекува особено во пладневните часови па натаму и повеќе ќе ја има на запад иако, може да се очекува и во другите предели на државава.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени.
Утре (петок) попладне и навечер на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер а не се исклучува можноста и за локално невреме, а ќе започне да дува и умерен до засилен ветер од северен правец со што од север ќе започне продор на значително посвеж воздух.