Живот

Маж убиен на истото место каде пред 33 години убил бебе

Маж убиен на истото место каде пред 33 години убил бебе

Дејвид Гаут (54) е пронајден мртво во својот дома во Њу Тредегар во Велс, а според пишувањата на локалните медиуми, полицијата уште не ја утврдиле причината за смртта.

Три лица се уапсени поради сомнеж дека извршиле убиство. Меѓутоа, Дејвид Гаут му е познат на целиот свет поради злосторството кое го изврши пред многу години.

Тој помина 33 години во затвор поради мачење и брутално убиство на 17 -месечниот син на неговата тогашна девојка. Во 1985 година, тогаш 21-годишниот Гаут го убил Чи Минг Шек, додека мајката му била надвор. Го скривал телото и се наместил како да се работи за несреќен случај.

Судијата кој го осудил рекол дека овој случај е „најлошо злосторство било кога во земјата“.

 

„Убиената жртва е невино бебе, а во текот на истрагата е утврдено дека не само што е убиено, туку и мачено“, изјави тогаш судијата.

Гаут пред само неколку месеци е ослободен, па се вратил во својот дом во Њу Тредегер. Соседите за тамошните медиуми изјавија дека им признал на сите дека лежел во затвор, но не кажал што точно направил.

„Прво ни рече дека бил во затвор поради нешто што направил, а потоа призна дека пред многу години некого застрелал. Меѓутоа, ние знаевме дека тоа не е вистина. Сите знаевме дека уби бебе и сите зборуваа за тоа“, рече еден од соседите.

Полицијата изјави дека, пред да дојде до пуштање на лицето што сторило кривично дело, се проценува дали сместувањето во кое личноста ќе престојува по излегувањето од затвор е ризично или не.

„Истрагата е во тек, немаме коментар“, рече портпаролот на полицијата.