Живот 03. април 2018. / 13:57

Контролори во автобус претепаа дете затоа што немаше билет (ВИДЕО)

Контролори во автобус претепаа дете затоа што немаше билет (ВИДЕО)

Контролори во автобус во Србија нападнале патник кој немал билет. Според коментарите на социјалните мрежи момчето било малолетно и се враќало од училиште, а контролорите ги пречекориле овластувањата,

Едниот од нив го стиснал и турнал момчето, во обид да го собори, додека другиот ги спречувал луѓето да ги раздвојат. Двајцата контролори го извадиле надвор и го тепале.

 

По здобиените удари момчето се згрчило и се обидувало да избега и да се извлече, но се онесвестило.

Претходно од компанијата ,,Алекс” известија дека при инцидент во автобус , повредени се двајца контролори.Едниот се здобил со скршени прсти, а другиот бил удрен по окото.

По објавувањето на видеата на социјалните мрежи од компанијата известиле дека контролорот е суспендиран , се додека не се расчисти случајот.