Живот 30. април 2018. / 22:27

Ќе ,,летаат” казни од 200 евра за Први мај, внимавајте!

Ќе ,,летаат” казни од 200 евра за Први мај, внимавајте!

Се апелира за првомајските празници да не се пали оган на отворен простор и да не се фрла отпад во излетничките места како што се  Парк – шумата Водно, Парк на природата Гази Баба, СРЦ Сарај, Езеро Треска, кањонот Матка и друго.

Ќе се преземаат мерки и активности за превентивно дејствување, екипи ќе бидат присутни и ќе вршат контрола на јавните површини.

Казната за палење оган на јавна површина е 200 евра, а за фрлање и оставање отпад 50 евра.