Попладнево Полошкиот регион како и Криво Паланечкиот регион се на удар на циклонот Владимир кој во овие предели условува нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, силни електрични празнења, засилен ветер и локална појава на град.
Деновиве под влијание на овој циклон, времето ќе биде нестабилно облачно на повеќе места со поројни врнежи од дожд, грмежи, електрични празнења, засилен ветер, а локално процесите ќе бидет интензивни и во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, засилен ветер, силни и чести електрични празнења и појава на град.
Во ваква ситуација можни се и локални поројни поплави, информира метеорологот Славчо Поповски.