Во рамки на акцијата, Ден на планетата земја кој годинава се одбележува под мотото „Да се запре загадувањето од пластика“, денес кавадарчани со масовна еколошка акција за собирање на отпад.
Во активностите за расчистување на отпадот околу езерцето на висорамнината Витачево во организација на еколозите од Кавадарци, ЕНВ.нет Македонија и Вила Зора од Велес во соработка со ЈП Комуналец и поддршка на локалната самоуправа, се вклучија и основните училишта “Страшо Пинџур” и “Тоде Хаџи Тефов”.
Еколозите очекуваат дека акцијата за чистење на овој простор ќе ја разбуди свеста кај сите несовесни граѓани дема местото на отпадот е во контејнер а не во природата и водите. Според нив има многу места со диви депонии кои освен што ја нарушуваат природната убавина се и извор на нехигиена и непријатна миризба. Велат континуирано работат на овие активности со организирање на акции за почиста и поздрава животна средина.
Пораката на надлежните е дека пластиката како отпад, треба да ја ставаме во посебни контејнери, уште од дома а треба да се посвети и поголемо внимание за тоа како да се едуцираат децата уште од мали за справување со отпадот.
Инаку втората фаза од националната кампања за чистење на отпадот на целата територија на земјава ќе се спроведе на есен, акцијата официјално е поддржана од Европскиот парламент и во неа учествуваат повеќе од сто земји во светот.