Живот

Директорот на струшкиот затвор е разрешен

Директорот на струшкиот затвор е разрешен

Владата на денешната седница го разреши директорот на струшкиот затвор, Арменд Шаќири. Во одлуката на владата стои дека тој е сменет од должноста на негово барање. Во барањето кое го доставил пред две недели, Шаќири не ги навел причините поради кои бара да биде разрешен. Според извори на Алсат М, тој и еден полициски инспектор се осомничени дека ги злоупотребиле овластувањата бидејќи одредени затвореници, обвинети за трговија со наркотици, освен што ги пуштале слободно да се движат, им доставувале информации за тоа каде се движи на полицијата.

Алсат М дознава дека во полициската операција која била насочена против дилери на дрога, лицата биле следени со посебни истражни мерки, а меѓу оние кои биле предмет на истрага бил и директорот на затворот. Нема информација за тоа дали против разрешениот директор ќе биде поднесена пријава за сомнителните незаконски постапки. Во ДУИ не сакаат да го коментираат случајот.