Живот

Блокада во Ѓорче Петров – бараат безбедни улици

Блокада во Ѓорче Петров – бараат безбедни улици

Граѓани и денеска блокираа улици во Општина Ѓорче Петров со барање за безбедни улици за своите деца.

Тие веќе втор ден по ред протестираат откако беше прегазено дете на улицата „Борис Сарафов“, која поминува пред основно училиште. Десетгодишното дете има повреди на главата, но е во стабилна состојба.

Засега е мирно.