Живот 22. април 2018. / 09:38

Блокада на патот Кичево – Охрид кај селото Ботун, еве кога и како може да се помине

Блокада на патот Кичево – Охрид кај селото Ботун, еве кога и како може да се помине

Денеска од 10:00 – 15:00 часот поради јавен собир на магистралниот пат Кичево – Охрид кај м.в.Ботун сообраќајот ќе биде во прекин во двата правци, а од 12:00 – 14:00 часот ќе има незименично пропуштање на возила.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево –
Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

На патниот правец Р 1308 Макази – г.п. Маркова Нога поради свлечиште кај м.в. Долги Рид сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 150 метри. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.