Живот 04. јуни 2018. / 10:30

30.000 луѓе облечени во бело на заедничка вечера во Париз – локацијата беше тајна до последен момент (ФОТО)

30.000 луѓе облечени во бело на заедничка вечера во Париз – локацијата беше тајна до последен момент (ФОТО)

Туристи и Французи, посебно од Париз, облечени од глава до пети во бело вчера уживаа во гурмански пикник пред Палатата на големиот војсководец Наполеон Бонапарта и ја одбележаа 30 годишнината од првиот одржан пикник.

Поставени се столови и маси со поглед кон палатата каде што се наоѓа неговиот гроб и на други истакнати француски личности.

Организаторите очекувале 20- 30 000 учесници, од кои една третина само туристи.

„Вечера во бело“ за првпат е одржана ви 1988 година.