Драматично слетување во Бристол, Велика Британија се случи минатата недела.
Поради тешките временски услови, беше тешко авионот да се спушти на пистата, но жената пилот Бранда Репсејм Васинк успеа да изведе екстремен маневар и да го приземји Боингот 757-200.
Таа користела техника на вперување на носот на авионот директно во ветрот пред да го допре асфалтот па потоа брзо се свртела кон пистата и продолжила да лизга. Во прашање е техника која пилотите ја учат пред да ја добијат првата дозвола, но која е далеку тешка за изведување при удари на силен ветер.
Погледнете: