Занимливости

Уличен уметник ја продаде својата слика за 1,36 милиони долари, а потоа ја уништи (ВИДЕО)

Уличен уметник ја продаде својата слика за 1,36 милиони долари, а потоа ја уништи (ВИДЕО)

Бенкси, британски уличен уметник, ги шокира сите кога го уништи неговото дело „Девојка со балон“, откако достигна цена од 1,36 милиони долари.

Уметничкото дело беше уништено со помош на механизам за сечење вграден во долната рамка на сликата.

Првично платното „Девојка со балон“ беше проценето на 350.000 долари, а на аукцијата во „Сотби“ во Лондон достигна цена од 1,36 милиони долари.

По завршувањето на продажбата, присутните на аукцијата, не можеа ни да претпостават што ги очекува и останаа шокирани кога платното помина низ механизмот за сечење скриен во рамката.

– Бенкси не насамари. Досега не сме имале вакво искуство, сликата сама да се уништи откако ќе постигне рекордна цена, изјави Алекс Бранчик еден од директорите во „Сотби“.

Овој потфат е внимателно планиран за што говори и фактот дека Бенкси на социјалните мрежи веднаш објави фотографија со исеченото платно.