Блејк Лејбел , син на канадски милијадер е осуден за монструозно убиство на сопствената девојка.
Блејк Лејбел е осуден во јужна Калифорнија за убиството на неговата девојка , Иана Касиа. Поротата го осудила 37 годишниот Лејбел , кој ја убил и сакател девојката , која само неколку недели претходно му родила дете.Нему му се заканува казна доживотен затвор без можност за помилување , иако обвинителството даде предлог и за смртна казна.
Лејбел ја сакател и убивал 30 годишната девојка според ликот во неговиот стрип . Тој , како автор на стрипот ,,Синдром “ , го најавил бруталното убиство . На три недели од раѓањето на нивната ќерка , синот на милијардерот ја сакател девојката , а додека таа трпела невидена болка ,ја одржувал во живот.
Злосторството се случило во мај 2016 година , а судот во Лос Анџелес вчера го прогласи за виновен. Полицијата го нашла голото осакатено тело на Иана во стан во Холивуд , а Лејбел стоел покрај неа. Убиството го пријавила нејзината мајка , која не можела да стапи во контакт со ќерката.
Случајот предизвика огромно внимание и во Канада , бидејќи таткото на убиецот е поранешен Олимпиец , кој по завршувањето на спортската кариера зареаботи огромно богатство во бизнисот со недвижности.