Занимливости

Прилепска приказна: Кумот го крстил “Хитлер”, неговиот случај стигнал и до Јосип Броз Тито

Прилепска приказна: Кумот го крстил “Хитлер”, неговиот случај стигнал и до Јосип Броз Тито

Порталот СДК објави сторија за Хитлер Здравески од прилепското село Лопатица, кој годелел името со германскиот нацистички лидер, но не и карактерот. Пелагонискиот Хитлер бил роден во 1940 година во Лопатица. Дошол на свет во времето кога германскиот фирер доживувал големи воени успеси освојувајќи голем дел од Европа, па кумовите одлучиле да го крстат по него.

Се работело за суеверие кое постоело низ пелагониските села, дека ако на бебето му се стави име на некоја голема личност и тоа ќе биде успешно во животот. Кумовите на малиот Хитлер Здравески не можеле да претпостават дека му дале име на најозлогласената личност во историјата.

„Името му го даде нункото. Во тоа време не смееше да се прекрши неговиот атер. А тој пак, беше човек што следеше политика, онолку колку што можеше да се следи од едно македонско селце. Имаше слушнато за Хитлер, беше многу популарен, мислеше дека се работи за голема личност. Па, на снаата која беше и тетка на детето ѝ рече „снао, ти сега нунка ќе бидиш, ова име ако не го ставиш не те сакам дома, ќе те избркам. Еден Хитлер има во Германија, кај нас уште еден се роди“, раскажува за СДК Лоза Здравеска, сопругата на Хитлер од Лопатица.

Името му го даде нункото. Во тоа време не смееше да се прекрши неговиот атер. А тој пак, беше човек што следеше политика, онолку колку што можеше да се следи од едно македонско селце. Имаше слушнато за Хитлер, беше многу популарен, мислеше дека се работи за голема личност. Па, на снаата која беше и тетка на детето ѝ рече „снао, ти сега нунка ќе бидиш, ова име ако не го ставиш не те сакам дома, ќе те избркам. Еден Хитлер има во Германија, кај нас уште еден се роди“, раскажува за СДКЛоза Здравеска, сопругата на Хитлер од Лопатица.

„Атерот на кумот не го прекршил ни свештеникот кој го крстил детето. Но, во годините што следеле, како што се ширеле лошите гласини за германскиот водач, така се зголемувале и негодувањата кај поповите“, раскажува професорот Александар Стерјовски, истражувач и хроничар на битолскиот регион. Животната приказна за Хитлер Здравески ја има објавено во книга со занимливости од Пелагонија.

„Подоцна, при црковен обред во семејството кога поп побарал, како што носи редот, да ги кажат имињата на членовите и било спомнато и името Хитлер, тој се запрепастил. Прашал кој им дозволил да стават такво име. Во тоа време тој дел бил под српска власт, па имало дури и список со имиња кои смеат да се стават. Со непријатности се соочил попот кој го имал крстено, а ќе била казнета и тетката, но се разгорела војната уште повеќе и веќе никој не мислел на тоа“, раскажува професорот Стерјовски.

Хитлер името го носел дури до војска, кога под притисок на ЈНА морал да се прекрсти. За случајот дознал дури и маршалот Тито.

„Отиде војска во Србија. Ќе му испратевме писмото, тие не му го даваа. Му велеле: ‘Писмо имаш од дома, но не ти го даваме’. ‘Зошто’, ќе прашал. ‘Поради името, не ти го даваме дури не го смениш’, му велеле. Пишал дури и жалба до Тито. Маршалот одговорил: ‘Немојте да го гоните човекот, не е кабает, имете му го ставил кумот’. Но, војниците го задевале и сам се преименувал во Кирил“, раскажува Лоза.

Новото име му го запишале и во личната карта. Но, меѓу народот во Пелагониско, посебно во битолското село Мусинци каде се преселил, му останало името Хитлер. Неговиот син Јоце вели дека го носел презимето на германскиот фирер, но не и карактерот.

„Го делеше со него само презимето, а можеби и интелигенцијата. Татко ми беше добар човек. Се занимаваше со земјоделство. Беше голем занаетчија. Трактор можеше да расклопи до последно шаравче и пак да го склопи. Беше и 18 месеци на печалба во Германија, каде за три-четири месеци, јазикот го совлада“, раскажува син му Јоце.

Починал во 2002, а и на надгробната плоча е запишан со крстеното име – Хитлер Здравески.