Занимливости

Набљудувањето мечки се попопуларно меѓу туристите во Словенија

Набљудувањето мечки се попопуларно меѓу туристите во Словенија

Се поголем број туристи ја посетуваат Словенија со цел да ги набљудуваат мечките, јави словенечкта новинска агенција СТА.

Најдобро време за набљудување на мечките е летото и почетокот на есента, кога деновите се долги, а мечките излегуваат да бараат храна, се додека не падне мрак, изјаи Миха Јернејчич од регионалниот парк Нотранска.

Тој додаде дека набљудувањето на мечките е безопасно, ако туристите се придружувани од вооружен ловец.

– Местото каде се движат мечките има ограда од четири метри, а кога животните ќе почувствуваат дека во близина има луѓе, тие се повлекуваат, посочи Јернејчич.

Покрај во регионалниот парк Нотранска, мечки може да се видат и на планината Кочевски Рог.