Занимливости 07. октомври 2018. / 13:17

Хит на Интернет: Слонче ја турна Меланија (ВИДЕО)

Хит на Интернет: Слонче ја турна Меланија (ВИДЕО)

Сопругата на американскиот претседател, Меланија Трамп е на првата самостојна турнеја во Африка, а денеска беше на сафари во Кенија каде што хранеше слончиња.

Во таа прилика доживеа мала непријатна ситуација, кога едно слонче ја турна, а нејзиниот телохранител и помогна да не падне.

Меланија ја почна турнејата, која воглавно е посветена на децата низ кампањата „Be best“, во вторникот во Гана, по што замина во Малави.

Доналд Трамп на Твитер ја пофали својата сопруга и турнејата ја нарече „беспрекорна“.