Занимливости

Черепи стари 14.000 години пронајдени во пештера во Турција (ФОТО)

Черепи стари 14.000 години пронајдени во пештера во Турција (ФОТО)

За време на истражувања во пештерата Дирекли, во Кахраманмарш во Турција, пронајдени се черепи од мечки и куни, за кои се претпоставува дека потекнуваат од периодот пред 14.000 години.

Истражувањата во пештерата Дирекли, во која претходно се пронајдени остатоци и предмети од ерата на палеолитот, започнаа во 2007 година.

Во истражувањата кои ги води Џевдет Мерих Ерек за Универзитетот Хаџи Бајрам Вели во Анкара, учествуваат претставници и од турското министерство за култура и туризам, како и студенти.

Истражувачите веруваат дека черепите потекнуваат од периодот пред 14.000 години и се претпоставува дека се користени во верски обреди.