Земјотрес со јачина од седум степени е регистриран во близина на јужниот брег на Филипини.
Властите ги советуваа жителите во тој дел од земјата да ги избегнуваат плажите поради постоењето на опасност за цунами, иако со оглед на длабочината на потресот и други фактори не веруваат дека постои можност да дојде до големи бранови.
Засега нема извештаи за повредени или материјална штета, јави „АП“.