Североистокот на Јапонија утринава го погоди силен земјотрес со јачина од 5,5 степени, соопшти денеска Јапонската метеоролошка служба.
Епицентарот на земјотресот бил во областа Ибараки, на длабочина од 50 километри под површината на морето, пренесува Тасс. Земјотресот бил почувствуван и во областите во близина, како и во Токио, а засега не е издадено предупредување од цунами.
Чиле го погоди земјотрес со јачина од 5,5 степени
Земјотрес со јачина од 5,5 степени регистриран е на севетот од Чиле, пренесуваат локалните медиуми.
Епицентарот на земјотресот бил на 18 километри од градот Сан Педро де Атакама, во кој живеат околу 4000 жители, на длабочина од 13 километри. Засега нема податоци за жртви и материјални штети.
Послаб земјотрес во Рим
Послаб земјотрес со јачина од 3,3 степени го потресе рано утринава Рим, соопшти денеска италијанскиот Геолошки институт.
Земјотресот се случил во 5 часоти и 3 минути по локално време со епицентар во малиот град Фонте Нуова, североисточно од Рим, на длабочина оф 11 километри, пренесува Асошиејтед прес.
Италија често е погодена од земјотреси, а последниот поголем беше во 2016 година, кога стотици настрадаа.