Свет 08. јануари 2020. / 10:47

Земјотрес во Иран во близина на нуклеарна централа

Земјотрес во Иран во близина на нуклеарна централа

Земјотрес со јачина од 4,5 степени го погоди Иран во близина на нуклеарна централа, пренесува АФП.

Некои медиуми објавија дека земјотресот бил со јачина од 4,9 степени и дека епицентарот е на 10 километри југоисточно од Боражјан во Иран.

Земјотресот бил почувствуван во текот на ноќта, нo и покрај тоа што е регистриран во близина на нуклеарна централа, засега се наведува дека станува збор за „природна појава“.

Нема дополнителни информации дали некој е повреден или е предизвикана материјална штета, јавуви ИРНА. Земјотресот е регистриран четири дена по претходниот земјотрес којшто се случи во истиот регион.