Две лица загинаа и најмалку 21 се повредени во земјотрес што ја погоди индонезиската провинција Централна Јава.
Две лица загинаа и најмалку 21 се повредени во земјотрес што ја погоди индонезиската провинција Централна Јава.
Урнати се најмалку 300 објекти, меѓу кои куќи, училишта и џамии.
Над 2.000 луѓе бea принудени да се евакуираат во посебни центри, изјави Сутопо Пурво Нугрохо, портпарол на Управата за справување со природни несреќи.
Околу 200 војници и спасувачки тимови работат во засегнатиот ргеион.
– Чиста вода и храна веднаш се потребни, истакна Сутопо.
Земјотресот, со интензитет од 4,5 степени според Рихтеровата скала, бил регистриран во околината на градот Банџарнегара. во најгусто населениот остров Јава.