Свет 22. октомври 2018. / 10:31

Земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди Канада

Земјотрес со јачина од 6,7 степени ја погоди Канада

Земјотрес со интензитет од 6,7 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подрачјето на канадската сојузна држава Британска Колумбија, соопшти американскиот Геолошки институт.

За сега нема податоци за евентуални жртви ниту за причинета материјална штета, а исто така не е објавено предупредување за појава на цунами.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 33 километри, околу 190 километри југозападно од градот Порт Харди на островот Ванкувер.