Свет 29. октомври 2018. / 12:36

Земјотрес со јачина од 6,4 степени регистриран јужно од Аргентина

Земјотрес со јачина од 6,4 степени регистриран јужно од Аргентина

Земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран јужно од Аргентина, соопшти Геофизичкиот институт на САД.

Нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Епицентарот на земјотресот бил на 24 километри јужно од градот Ушуаја, на архипелагот Огнена Земја, на длабочина од 10 километри.