Свет 18. октомври 2019. / 10:54

Земјотрес со јачина од 5,7 степени ја погоди Алјаска

Земјотрес со јачина од 5,7 степени ја погоди Алјаска

Земјотрес со јачина од 5,7 степени ја погоди денеска Алјаска, соопшти Американскиот геолошки институт.

Епицентарот на земјотресот е регистриран на 475 километри северозападно од Фербанкс, град со околу 32.000 жители, на длабочина од 34 километри.

Засега нема информации за евентуална штета или повредени.